Србија ќе го брани среброто на Европското првенство 2022

Фото: fiba.basketball

Најдобрите српски кошаркари денеска со убедливата победа над Грузија со 92:66 во рамките од петтото коло од квалификациите и официјално обезбедија пласман на наредното Европското првенство во 2022 година.

Така, оваа репрезентација на наредниот континентален собир (1-18 септември 2022 година, Чешка, Грузија, Германија, Италија) ќе го брани сребрениот медал освоен пред четири години.

На ЕП ќе се најдат и Грузијците, едни од домаќините на завршницата, како и Финска која оди како третопласирана од оваа група.

Прв стрелец на денешната средба во победничките редови на Дејан Милојевиќ, беше Филипе Петрушев со 27 поени, следен од Данило Анѓушиќ (22) и Никола Ребиќ (11). На спротивната страна Шермандини се истакна со 20 поени, Санадзе запиша 15, а пет помалку Френкамп.

На едно коло до крајот на квалификациската група „Е“ води Грузија со девет бодови, пред Србија (осум), Финска (седум) и Швајцарија (шест).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот