Србија ќе ги користи македонските искуства за искористување на средствата од ИПАРД програмата

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и неговиот заменик Авдул Селам Селами, денеска оддржаа работен состанок со директорката на Управата за аграрни плаќања на Србија, Билјана Петровиќ.

Ова е прва официјална работна средба на директорите на Платежните Агенции на Р.С. Македонија и Србија а е по насока на „DG Agri“ ( Генерален директорат на европската комисија за земјоделство и руеален развој).

Целта е вработените од АФПЗРР, на вработените од Платежна Агенција на Србија да им дадат вештини и знаење за поголема апсорпција и забрзана обработка на апликациите за ИПАРД.

Директорот Бабовски, истакна дека чест и задоволство е како неформален лидер во регионот за искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата, да се споделат искуствата и знаењето.

– Република Северна Македонија како земја која веќе долго време ја реализира ИПАРД Програмата, преку последните повици покажа дека има капацитет за успешна имплементација, но, и дека има желба да го дисиминира своето искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почетокот на патот од евроинтегративниот процес. Доказ дека сме на добар пат се и склучените договори за ИПАРД. До денеска по сите мерки и повици, склучени се 1.181 договор со вкупно побарана сума 29,2 милиони евра, од нив целосно реализираани се 776 договори со вкупна сума од 11,5 милиони евра – истакна Бабовски.

Директорката на Управата за аграрни плаќања Петровиќ, исткна дека од огромно значење е искуството што нивната Агенција ќе го добие од АФПЗРР.

– Меѓусебното јакнење на Платежните агенции е од клучно значење за нас и нашата држава. Република Северна Македонија од страна на „DG Agri“ ни беше посочена како добар пример од кого може многу да се научи. Со помош на искуството од колегите од АФПЗРР, ќе имаме можност да ја намалиме бирократскта процедура која ја имаме во моментот, да ги скратиме роковите за обработка на поднесените барања за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД програмата а со тоа и побрза исплата на средствата кон апликантите и развој на нашиот агро сектор – исткана Петровиќ.

Заменик директорот на АФПЗРР, Авдул Селам Селами, истакна дека – Преку развој на Платежните Агенции се развива секторот земјоделство, но и целиот регион – рече Селами.

Директорите, договорија наредна средба на која двете Агенции, треба да потпишат и Меморандум за соработка, преку кои ќе обезбедат тесна соработка и взаемна помош за развој на институционалната структура, како и знаењата и вештините на самите вработени за користење на средствата како од националниот така и од ЕУ Буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот