Србија ја разгледува опцијата за зголемување на таксата за производите од Косово

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека единственото решение за бранење на српските интерси по зголемувањето на таксите од страна на Косово е и Србија да ги зголеми таксите за косовските производи на 100 проценти.

Брнабиќ потенцираше дека се планира започнување на арбитража во ЦЕФТА и дека Србија има поднесено барање до ЦЕФТА за реагирање во однос на зголемувањето на таксата, но тоа не се случило.

Од друга страна, српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервју за емисијата „Без двоумење“ на Јујтјуб каналот „Без цензура“, напомена дека Белград и Приштина се многу далеку од дијалогот поради тарифите и дека тоа најмногу зависи од Приштина и од притисокот на Американците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот