Србија ја отповика амбасадорката Дивјак, кој ќе ја замени во Скопје?

Фото: МИА

Во последните два месеци, Србија на чело со претседателот Вучиќ променети се 12 амбасадори, а во тие смени вклучени е и српската амбасадорка во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ.

Томиќ е на служба во Скопје од 2010 година како советник и заменик-амбасадор, а на амбасадорската функција стапи во втората половина на 2013 година.

Таа ја вршеше функцијата и за време на насилниот упад во парламентот на 27 април 2016 година, кога во законодавниот дом беше присутен и српскиот дипломат и разузнавач Горан Живаљевиќ, поради што тој беше вратен назад во Белград и моментално му е советник на Вучиќ.

Како можен иден српски амбсадор во земјава медиумите го споменуваа Раде Булатовиќ, кој досега беше амбасадор во Киев, каде заминал на должност откако бил одбиен од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот