СРБИЈА ИЗГЛАСА ЗАКОН ЗА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: Ова се делата кои се опфатени!

Српскиот парламент ги усвои измените во Кривичниот законик со кои се укинува казната затвор од 30 до 40 години и се воведува доживотната казна затвор за најтешките кривични дела.

Доживотна казна се предвидува за тешко убиство, силување, прељуба над малолетно лице, трудници и немоќни лица, што е во склад со предлогот на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, која ја поддржаа околу 160.000 граѓани.

Доживотната казна затвор е проширена и е за сите други кривични дела за кои според актуелниот закон е предвидена казна од 30 до 40 години.

Тоа се дела за убиство на претставници на највисоките државни органи, тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, здружување поради вршење на тешки кривични дела, геноцид, злосторство против човештвото, воен злочин врз цивилното население, воен злочин врз ранети и болни, тероризам…

Се предвидува дека осуденото лице на доживотен затвор може условно да биде пуштено по издржување на 27 години казна затвор.

Во согласност со иницијативата на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ предвидено е, меѓутоа, судот да не може да ги пушти осудените лица за кривични дела одредени во оваа иницијатива – поточно оние кои се осудени поради убиство на деца, трудници и немоќни лица.

фото: Espreso.rs

Предвидени се и построги казни за оние кои ги повториле кривични дела.

Се заоструваат казните за злоупотреба и тортура, насилство во семејството, даночни затајувања, убивање и злоупотреба на животните, спречување на службено лице во вршење на својата должност, напад на службено лице во момент на вршење на службената должност, учествување во група која спречува службено лице во момент на вршење на службената должност и насилно однесување на спортски натпревари.

Промените и дополнувањата се во склад со меѓународните тела кои ги поставуваат глобалните стандарди во областа против перењето пари и борбата против тероризмот.

Се воведува и ново кривично дело – напад на адвокати, што е во склад со предлогот на Адвокатската комора на Србија.

На гласањето присуствуваше и основачот на Фондацијата „Тијана Јуриќ“, Игор Јуриќ.

фото: Espreso.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот