Србија издвои три милиони евра за децата и бегалците во Украина

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за испраќање финансиска хуманитарна помош за децата и бегалците во Украина во вкупен износ од три милиони евра.

Во соопштение на владата се наведува дека за помош на децата од Украина се издвоени средства во износ од 1,5 милиони евра, кои ќе бидат исплатени преку механизмот на Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ.

Истата сума, како што се додава, е предвидена и за помош на бегалците од оваа земја, која ќе се исплати преку механизмот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН – УНХЦР.

Владата на Србија донесе и Заклучок со кој на граѓаните на Србија и Турција им се овозможува да ги преминуваат државните граници на двете земји со важечка биометриска лична карта.

-Заклучокот за утврдување на основата за склучување на протоколот меѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Турција за измени на договорот за меѓусебно укинување на визите, им овозможи на граѓаните на овие две земји да ги преминат државните граници со валидна биометриска лична карта, што е од особено значење имајќи ја предвид развиената економска соработка меѓу Србија и Турција, како и исклучително големиот број меѓусебни туристички посети, беше соопштено по седницата на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот