Србија испрати протестна нота до ЕУ поради преставувањето на Никола Тесла за Хрват

Фото: Профимедиа

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија испратила протестна нота до еврокомесарката за иновации, истражувања во културата, образование и млади, Марија Габриел, откако на веб страната на Европската унија беше објавено дека Никола Тесла е Хрват, јави дописникот на МИА од Белград.

-Јас неколку пати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (за време на Втората светска војна), тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Вчера реагираше и министерот за култура и информации, Владан Вукосављевиќ, кој изјави дека се надева оти институциите на ЕУ ќе и се извинат на српската јавност и дека таа „непримерна грешка” ќе биде исправена без одлагање.

Тој додаде дека му е особено жал што е тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот