Србија има помалку од 7 милиони жители, просечната возраст изнесува 43 години

„Според најновите податоци на Републичкиот завод за статистика, Србија има помалку од седум милиони жители, а предизвиците со кои се соочуваме се одложено раѓање, миграцијата и стареењето на населението“, кажа Ѓукиќ Дејановиќ.

Просечната возраст на населението во Србија сега изнесува околу 43 години, со животен век од 73 години за мажи и 78 за жените, додека оние со над 65 години возраст се најбрзорастечката популација, изјави министерката без ресор задолжена во српската влада за демографија и популациона политика, Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

– Според најновите податоци на Републичкиот завод за статистика, Србија има помалку од седум милиони жители, а предизвиците со кои се соочуваме се одложено раѓање, миграцијата и стареењето на населението – кажа Ѓукиќ Дејановиќ на конференцијата „Подобрување на надлежностите на професионалните работници во центрите за социјална работа во спроведување мерки во популационата политика“.

Таа додаде дека добра вест е што во 2019 година, се родени 341 бебиња повеќе од претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот