Србија и во 2023 година ќе биде погодена од новиот бран поскапувања

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Општото поскапување и во новата година ќе ги мачи граѓаните на Србија, особено најсиромашните, кои трошат најмногу пари за храна. Растат и ратите за станбен кредит. А колку ќе трае не е сигурно, пишува Дојче веле.

Можеби не изгледаше така, но јануари 2021 беше навистина оаза на мир и стабилност во споредба со тоа како испадна јануари минатата година и каков ќе биде јануари 2023 година.

Во Србија во 2021 година, на пример, литар млеко чинело нешто под 100 динари (околу 50 денари). Пилешкото месо чинело околу 270 динари (околу 135 денари), свинското околу 430 динари (околу 215 денари), а говедското околу 600 динари (околу 300 денари) за килограм.

Тоа беше и време кога бензинот бил под 140 динари (околу 70 денари), дизелот под 150 динари, а кириите стагнираа – сè уште можеше да се најде стан на солидна локација во Белград за разумни 300-400 евра месечно.

Една година подоцна, во јануари 2022 година, светот, а со тоа и Србија, веќе половина година беше во висока инфлација, од која не знаеја како да се извлечат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот