Србија и донира 5.000 вакцини против ковид-19 на БиХ

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Сараево и донира на Босна и Херцеговина 5.000 вакцини против ковид-19 на „АстраЗенека“.

На сараевскиот аеродром Вучиќ беше пречекан од претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и од бошњачкиот член на Претседателството, Шефик Џаферовиќ.

Иако беше најавено дека Вучиќ ќе биде пречекан од тројцата членови на Претседателството на БиХ, не присуствуваше хрватскиот член Жељко Комшиќ.

Српскиот претседател најави дека во следните неколку дена во БиХ ќе пристигнат уште 5.000 дози вакцина.

БиХ е трета земја во регинот на која Србија и донира вакцини, по Северна Македонија и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот