Србија и БиХ во заедничка воена вежба по конфликтот во 90-тите

Фото: EPA / Zurab Kurtsikidze

За прв пат по вооружените конфликти во 90-тите години, вооружените сили на Босна и Херцеговина и Србија ќе се вклучат во заедничка воена вежба на босанска територија, пишува Н1.

„Ова е редовна соработка во рамките на програмата за оперативни способности што ја бара НАТО“, рече босанскиот министер за одбрана Сифет Поџиќ за Радио Слободна Европа.

„Тоа е стандардна соработка што ја имавме претходно и ќе ја имаме во иднина“, додаде тој.

Претседателството на Босна и Херцеговина ја одобри вежбата на 19 ноември, неколку дена пред годишнината од Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши босанската војна од 1992 до 1995 година. Ќе се одржи следната година на планината Мањача.

Поџиќ објасни дека вежбата е планирана во рамките на програмата за регионална соработка утврдена со Американско-јадранската повелба – стратешко партнерство кон интеграција во европските политички, економски, безбедносни и одбранбени институции.

Повелбата е основана во 2003 година од Албанија, Хрватска, Северна Македонија и САД, со цел да им се помогне на земјите аспиранти да влезат во НАТО.

Босна и Црна Гора официјално се приклучија во 2008 година, додека Србија има статус на набудувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот