Србија го скрати списокот, без Влаховиќ во Лигата на нации

Душан Влаховиќ треба да се опорави од повреда која ја влече долг период/Торино, Италија/16 април 2022/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ го објави конечниот список за претстојните натпревари во УЕФА Лигата на нации.

На списокот го нема играчот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Таквата одлука е донесена со цел напаѓачот да се опорави од повреда која ја влече подолго време и затоа српскиот стратег не сака да ризикува.

Првиот меч во Лигата на нации Србите ќе го имаат на 2 јуни против Норвешка во Белград, а три дена подоцна ќе ја пречекаат Словенија.

На 9 јуни ќе им гостуваат на Швеѓаните, а на 12 јуни ќе го имаат и вториот меч против Словенците овојпат во Љубљана.

На списокот на српската репрезентацијата за јунските натпревари во Лигата на нации се наоѓаат 30 фудбалери:

Голмани: Предраг Рајковиќ (Ремс), Марко Дмитровиќ (Севиља), Вања Милинковиќ Савиќ (Торино), Марко Илиќ (Кортрајк)

Одбрана: Стефан Митровиќ (Хетафе), Никола Миленковиќ (Фиорентина), Матија Настасиќ (Фиорентина), Страхиња Ераковиќ (Црвена Звезда), Милош Вељковиќ (Вердер Бремен), Страхиња Павловиќ (Базел), Алекса Терзиќ (Фиорентина), Ерхан Машовиќ (Бохум)

Среден ред: Иван Илиќ (Верона), Саша Лукиќ (Торино), Урош Рачиќ (Валенсија), Немања Максимовиќ (Хетафе), Немања Гудељ (Севиља), Марко Грујиќ (Порто), Филип Младеновиќ (Легија), Михаило Ристиќ (Бенфика), Дарко Лазовиќ (Верона), Немања Радоњиќ (Бенфика), Андрија Живковиќ (ПАОК), Филип Костиќ (Ајнтрахт), Филип Ѓуричиќ (Сасуоло), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Лацио), Душан Тадиќ (Ајакс)

Напад: Александар Митровиќ (Фулам), Лука Јовиќ (Реал Мадрид), Ѓорѓе Јовановиќ (Макаби Тел Авив)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот