Србија го шутна селекторот Крстајиќ

фото: Курир.рс/Дадо Ѓилас

Младен Крстајиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Одборот за итни прашања на Фудбалската федерација на Србија на денешната седница одлучи да го разреши Крстајиќ само неколку денови по дебаклот и убедливиот пораз од 5:0 против Украина.

Во вториот натпревар од јунските квалификации за ЕП 2020, Србија со 4:1 ја совлада Литванија но тоа не беше доволно Крстајиќ и понатаму да остане на селекторската функција.

Младен Крстајиќ на селекторската функција дојде на местото на Славољуб Муслин кој ја напушти репрезентацијата откако обезбеди пласман на СП 2018 година.  На Мундијалот во Русија, селекцијата на Србија настапите ги заврши во групната фаза по што се наруши атмосферата во националниот тим.

Како негови наследници се споменуваат неколку имиња, но засега фаворити на медиумите кај нашиот северен сосед се двајца, Љубиша Тумбаковиќ кој до неодамна беше селектор на Црна Гора и легендарниот Драган Стојковиќ Пикси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот