Србија го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост поради настаните во Косово

Немири во Косово / Фото EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Владата на Србија на денешната вонредна седница го прогласи утрешниот ден -27 септември за Ден на жалост во врска со трагичните настани на Косово.

Владата на Србија ги замолува сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма на Денот на жалоста во среда, 27 септември и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија, се вели во соопштението на Владата на Србија.

За разлика од Србија, на Косово, Српска листа прогласи тродневна жалост на Косово.

-Денеска, утре и задутре се денови на жалост во српските заедници во Косово, по повод смртта на наши сограѓани во трагичен настан во Бањска, општина Звечан, се наведува во соопштението на Српска листа.

Во српските заедници на територијата на Косово ќе бидат откажани сите забавни настани организирани од органите и институциите на локалната самоуправа, а српските знамиња на сите институции ќе бидат спуштени на половина копје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот