Србија го има најдобриот голман во Европа (ФОТО+ВИДЕО)

twitter.com/MarkovicNeb

Рајковиќ има фантастичен старт во новата натпреварувачка сезона во дресот на Ремс и заслужено моментно го има епитетот најдобар голман во Европа.

Српскиот голман е неприкосновен во Топ 5 европските лиги, оставајќи зад себе позвучни имиња како Јан Облак, Самир Хандановиќ…

Оваа сезона досега не примил ниту еден погодок на дури осум натпревари во француското првенство.


Рајковиќ блеска во „Лига 1“, а неговиот тим е најпријатното изненадување на шампионатот. Моментно Ремс е на четвртото место на табелата со 18 бодови, девет постигнати и само четири примени погодоци.

Поранешниот капитен на Црвена Звезда ја вадеше топката од мрежата на дуелите против Дижон (двапати), Брест и Нант. Но, затоа ниту еднаш не се затресе неговата мрежа против Марсејл, Стразбур, Лил, Монако, ПСЖ, Рен, Монпелје и Ним на нашиот Влатко Стојановски.

– НАЈДОБРИ ГОЛМАНИ ВО ТОП 5 ЕВРОПСКИТЕ ЛИГИ –

1.Предраг Рајковиќ (Ремс, Франција) 8 натпревари на кои не била затресена мрежата
2.Јан Облак (Атлетико Мадрид, Шпанија) 7
3.Албан Лафонт (Нант, Франција) 6
4.Руи Силва (Гранада, Шпанија) 6
5.Самир Хандаовиќ (Интер, Италија) 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот