Србија го декласираше Порторико за четвртфинале на СП

fiba.basketball

Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ првиот дел од Светското првенство во Кина го завршија со три максимални победи, а сега лекција по кошарка доби и Порторико (90:47).

Веќе после првата четвртина беше 23:14, а на паузата Србите заминаа со предност од 49:26 и така беше јасно кој е фаворит на денешната пресметка. Немања Бјелица ја водеше Србија со 18 поени, следува Бобан Марјановиќ со 16, а Никоа Јовиќ запиша 14. На спротивната страна „двоцифрен“ беше единствено Давис Хуертас со 11 поени.

Србите својот нареден дуел ќе го имаат против Шпанија за два дена, веројатно за првото место во групата и „полесен“ противник во четвртфиналето.

Големо изненадување се случи на дуелот Русија-Полска. Полјаците исто така обезбедија четвртфинале на Мундобаскет, го забележаа еден од своите најголеми успеси после историската победа над Русија со 79:74.

Адам Вашински беше прв стрелец во победничките редови со 18 поени, а три повеќе во руската селекција имаше Михаил Кулагин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот