Србија ги зголемува платите на здравствените работници

Одлука е донесена, со оглед на фактот дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се вели во соопштението од владината прес служба.

Од 1 април здравствените работници во Србија ќе добијат покачување на платите за десет отсто. Со ваквата одлуката на српската Влада ќе бидат опфатени вработените во сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и на лекарите во заводите за извршување на кривични санкции.

Одлука е донесена, имајќи предвид дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се наведува во соопштението.

Ваквата мерка денеска треба да ја соопштат министерот за финансии Синиша Мали и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот