Србија ги исполни сите обврски, Косово ниту едната што ја имаше, рече Вучиќ во интервју за „Си-ен-ен“

Фото: CNN / screenshot

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за американската телевизиска мрежа „Си-ен-ен“ рече дека српската страна ги спровела сите меѓународни обврски од Бриселскиот договор, а косовската страна не ја исполнила онаа што ја имала – формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Вучиќ рече дека од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на власт имало 353 етнички мотивирани напади врз Србите, додавајќи дека ова е најголемиот број на вакви инциденти од прогласувањето на независноста на Косово.

„Само оваа година имаше пет инциденти со пукање врз цивили од српска националност. Србите сакаат само безбедност и сигурност за себе и за своите семејства“, рече Вучиќ.

Тој ги отфрли обвинувањата на Курти дека ги уценувал Србите да не гласаат на локалните избори во северно Косово, прашувајќи ја водителката дали некогаш видела легитимни демократски избори на кои излегле нешто повеќе од 3 отсто од гласачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот