Србија е убедлив лидер по резерви на злато во регионот, Црна Гора нема купено ниту грам

Злато/ Фото: МИА

Србија има 38,5 тони злато во своите златни резерви, а на второ место на Западен Балкан е Северна Македонија со 6,8 тони злато, покажуваат податоците на Светскиот борд за злато. Следува Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, Босна и Херцеговина со 2,7 тони, Хрватска со два тона.

Црна Гора ја нема на оваа листа, но Министерството за финансии на таа земја наведува дека резервите се 1.197 тони. Златните резерви во светот Соединетите Американски Држави имаат најголеми резерви на злато во светот со 8.133 тони. Втора е Германија со 3.355 тони, а трета и четврта се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони злато. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010. тони. Од друга страна, некои богати земји како Канада и Норвешка воопшто немаат злато во девизните резерви.

Развиените земји имаат поголем удел на злато во резервите, од 18 до 19 проценти. Најголем нето продавач минатата година беше Централната банка на Казахстан со 50,7 тони злато.

Кои се најголемите купувачи на злато?

Кина со години е еден од најголемите купувачи на злато. Минатата година беше на второ место со 62,2 тони, но убедливо прва беше централната банка на Турција која во 2022 година купи дури 147,6 тони злато.

Глобалната побарувачка за злато минатата година се зголеми за 18 отсто и изнесуваше 4.741 тони. Речиси е на исто ниво како во 2011 година, во времето по светската финансиска криза и кризата во еврозоната, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот