Србија (досега) кризата ја чинеше 4,6 милијарди евра

flag of serbia,Image: 168591248, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Rainer Junker / Panthermedia / Profimedia

Вистинската вредност на фискалниот пакет за ублажување на негативните економски последици од кризата оваа година најверојатно ќе достигне износ од околу 10% од БДП на Србија (4,6 милијарди евра), покажува анализата на Фискалниот совет.

Во евалуацијата на предлогот за ревизија на буџетот за 2020 година и препораките за фискалната политика за следната година, „пресметката“ на Фискалниот совет помина незабележано за тоа кои земји, особено од Централна и Источна Европа, имаа најдобар и најлош одговор на економската криза предизвикана од пандемијата.

„Во однос на големината на фискалниот одговор на кризата, Србија споредбено не отстапува од земјите од ЦИЕ, иако структурата на фискалните стимулации е нешто поразлична. Пандемијата со ковид-19 предизвика големи проблеми во мнозинството европски економии, така што сите земји реагираа со силни фискални стимулации за помош на ранливите сектори во економијата, за зачувување на работните места и за заштита на животниот стандард на населението. Според големината на пакетите за државна поддршка предводеа најразвиените економии (Германија и Италија со околу 38% од БДП, Велика Британија со 24% од БДП, Франција со 23% од БДП) додека просекот на ниво на ЕУ изнесуваше околу 15% од БДП – што е невиден фискален стимул во текот на една година“, анализира Фискалниот совет.

Србија успешно ја спроведе фискалната консолидација и ги стабилизираше јавните финансии во изминатите неколку години, што овозможи порешителна реакција, а  анализата на искуствата со споредливите земји од ЦИЕ покажува дека вкупниот износ на фискални стимулации најверојатно бил добро избалансиран, велат од Фискалниот совет.

Сепак, фискално најнеодговорната мерка, според нив, беше распределбата на по 100 евра на сите возрасни граѓани во државата, по што специјално не посегна ниту една земја во Европа.

„Србија е, практично, единствената земја што се одлучи за неселективна помош за сите возрасни граѓани, што диспропорционално го оптовари буџетот за оваа година“, се вели во анализата.

Преземено од „Недељник“ од Белград

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот