Србија добива нова пратка вакцини на „Фајзер“, дел од нив наменети за македонските лекари

Српската премиерка Ана Брнабиќ прва се вакцинираше/ Белград, Србија/24 декември 2020/ Фото: EPA-EFE/SERBIAN GOVERNMENT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во Србија веќе утре пристигнува дополнителен контингент со вакцини на „Фајзер“, со нешто повеќе од 40.000 дози, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, во гостување на ТВ Прва. 

-Мислам дека солидарноста е најважна, Србија и нашиот народ се познати по солидарноста. Веќе утре ни стигнува дополнителен контингент со вакцини на „Фајзер“ , нешто над 40.000, изјави Брнабиќ, додавајќи дека со дел од овие вакцини ќе бидат вакцинирани македонските здравствени работници.

Брнабиќ нагласи дека пратката тргнала утрината околу четири часот кон граничниот премин со Македонија. Таа вели дека не се очекува да ѝ донираат вакцини на Хрватска, пред се зашто се членки на ЕУ, но и дека тие не ни побарале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот