Србија доби предупредување од ЕУ

Брисел го предупреди Белград, дека доколку сака да биде дел од ЕУ, тогаш не смее да биде дел од руската Евроазиска унија, пренесе „Euronews“.

Утрово портпарол на Европската Комисија за „Euronews“ изјави дека дека Србија ќе мора да се повлече од сите други билатерални спогодби за слободна трговија доколку сака да влезе во ЕУ.

Властите во Белград најавија дека планираат да и се придружат на Евроазиската Унија во текот на октомври.

Евроазиската Унија ја сочинуваат Русија и други земји од поранешниот советски блок како Ерменија, Киргистан и Белорусија.

Доколку стане членка на ЕУ, Србија ќе мора да се усогласи и со европската политика на санкции кон Москва која предвидува и трговски рестриктивни мерки.

Србија ги започна преговорите за членство во ЕУ во 2014-та година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот