Србија денеска со рекорден број жртви, Косово ја надмина бројката на илјада починати
Во Србија во последните 24 часа се потврдени 6.179 нови случаи на заразени со коронавирус од вкупно 15.508 тестирани, а во истиот период од Ковид -19 умреле 65 лица.
Во моментов, во болниците се сместени 7.256 пациенти, а 252 од нив се на апарати за дишење.
До денеска во земјата се регистрирани вкупно 169.214 случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата умреле вкупно 1.549 лица, соопштено е на владината веб-страницата covid19.rs
Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 16 умрени и 626 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 673 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вклучително последните случаи, вкупната бројка на жртви на пандемијата во земјата надмина илјада, односно достигна 1.005.
Вкупно од појавата на вирусот, досега се евидентирани 39.057 заразени од новиот коронавирус, додека болеста ја совладале 24.427 лица.
Активни во моментов, според официјалните податоци, се 13.625 случаи.