Србија четврта во Европа и деветта во светот по стапката на вакцинација

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација во однос на бројот на жители, и деветта во светот, изјави вечерва претседателот Александар Вучиќ.

Тој верува дека во следните 72 часа ќе бидат втори во Европа, а можеби и  петти во светот според стапката на вакцинација.

-Само Велика Британија, Малта и Данска се пред нас во овој момент. Верувам дека за 48, односно 72 часа, ќе бидеме втори. Верувам дека можеме да бидеме 5-ти во светот, сега сме 9-ти, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот