Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација во однос на бројот на жители, и деветта во светот, изјави вечерва претседателот Александар Вучиќ.
Тој верува дека во следните 72 часа ќе бидат втори во Европа, а можеби и петти во светот според стапката на вакцинација.
-Само Велика Британија, Малта и Данска се пред нас во овој момент. Верувам дека за 48, односно 72 часа, ќе бидеме втори. Верувам дека можеме да бидеме 5-ти во светот, сега сме 9-ти, рече Вучиќ.