Србија бележи нови 5.225 случаи на ковид и 39 починати пациенти за изминатите 24 часа

Србија ковид-19/Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во Србија во последните 24 часа починаа 39 лица од последици на коронавирусот, па вкупниот број на смртни случаи од почеток на пандемијата изнесува 5.114, е објавенмо на интернет страницата ковид19.рс.

Регистрирани се и 5.225 нови случаи на ковид-19 од направени 17.436 тестови.

Во болниците и ковид центрите ширум Србија во моментот се хоспитализирани 6.713 пациенти од кои 241 се приклучени на респиратори.

Процентот на смртност во земјата е 0,89 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот