Србија бара подобри решенија за преминот Прешево-Табановце

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Царините на Србија и Македонија интензивно работат на подобрување на одредени аспекти на заедничката контрола на граничниот премин Прешево-Табановце, изјави денеска заменик директор на Царинската управа на Србија, Веселин Милошевиќ.

На крајот на август се отвори првиот заеднички граничен премин Прешево-Табановце, на границата меѓу Србија и Македонија.Тоа е првиот премин со концептот „One Stop Shop”, што подразбира патниците и превозниците заради граничните формалности на преминот да се запираат само еднаш,  што треба да овозможи значително забрзување на движењето на патниците и стоките преку границата. Сепак, искуствата на патниците и превозниците кои ја доживеале оваа новина укажуваат на тоа дека постојат потешкотии во реализацијата на оваа идеја.

Веселин Милошевиќ, заменик директор на Царинската управа, за утринската програма на  РТС кажа дека Царинската управа, заедно со граничната полиција и колегите од Македонија, интензивно работат на подобрување на одредени аспекти на заедничката контрола.

-Тоа ги подразбира оние аспекти за кои работејќи заедно и преку компромис треба да бараме подобри решенија, олеснувањето за да може да се почуствува во економијата, особено кај превозниците и нашите граѓани, како и сите други патници кои го користат овој премин, рече Милошевиќ.

Кога станува збор за аспектите што бараат дополнителен ангажман од сите страни за да се унапредат, Милошевиќ објасни дека ова првенствено се однесува на товарниот сообраќај.

– Идејата беше да се намали притисокот на преминот и да се направи што е можно поефикасен проток на патници и стоки. Имајќи предвид дека во најголем дел, сообраќајот на стоки е наша одговорност, во тој сегмент ќе се обидеме да сториме се што е во наша моќ да обезбедиме услови неопходни за концептот на заедничката контрола да биде успешен, рече Млошевиќ.

Тој истакна дека преминот Прешево-Табановце е еден од најголемите и најефикасни премини. -Околу 600 камиони влегуваат во Србија за 24 часа, што се смета за голем резултат, бидејќи царинската постапка на Србија во просек трае околу 2,5 минути. Од друга страна, колегите од Северна Македонија изразија загриженост од незадоволството на одредени здруженија на превозници, затоа што во Србија немаме капацитет да ги користиме т.н. брзи ленти наменети за камиони што се празни или само транзитираат низ нашата територија, изјави заменик директорот на српската царина.

Истакна дека во неколку наврати имале средби на преминот и наскоро очекуваат делегација на Царинската управа на Македонија во Царинската управа во Белград кога ќе се потпише заеднички предлог со цел да се подобри сегашната состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот