Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Белград, Србија / 2020 / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC SERBIA OUT

Во Србија од коронавирус се заразени уште 65 лица во последните 24 часа, а едно лице починало.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.315 лица.

На апарати за дишење се приклучени 20 лица.

Бројот на пациенти што починале од почетокот на пандемијата е 749.

Стапката на смртност е 2,24. Од почетокот на пандемијата во Србија, тестирани се 1.127.675 лица, од кои 33.479 лица лабораториски го потврдиле присуството на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот