СРАМОТНО СКАНДИРАЊЕ и брутална тепачка на стадионот во Приштина! (ВИДЕО)

фото/принтскрин

Информацијата дека Русите со дрон ќе го прекинат натпреварот помеѓу Косово и Црна Гора, ја заобиколи цела Европа.

Тамошните медиуми информирале дека на територијата на Косово влегле Руси со намера да пуштат дрон со знаме и натпис на кој ќе пишува „Косово е Србија“ во текот на мечот. Полицијата ги негираше таквите наводи, но се најавуваше дека силни полициски сили ќе го обезбедуваат овој натпревар.

Прво имаше свирежи на химната на гостите од Црна Гора, а беше многу тензично кога избувнаа инциденти на трибините во првото полувреме од мечот.

Косовските медиуми објавија дека црногорските навивачи ги започнале немирите, но на снимките што се појавија на интернет покажуваат друга слика.

Тепачката траела неколку минути, а од трибината на стадионот „Фадил Вокри“ се слушаше скандирањето за терористичката „ОВК“.

Обезбедувањето на натпреварот, со помош на полицијата, успеало да ја смири ситуацијата на трибините.

Натпреварот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година заврши со победа на Косово од 2:0 против Црна Гора и со тоа ги задржаа шансите за учество на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот