СРАМОТА: За два дена ја скршија таблата на новиот кош на игралиштето Сокол, стакло се РАСПРСНА на сите страни (ФОТО)
Откако беа поставени нови кошеви на игралиштето „Сокол“, денеска по два дена од поставувањето, таблата на еден од кошевите беше скршена.
– Две деца денеска играа баскет, кога во еден момент топката им се заглави. Сакајќи да ја одглават земаа камен и замавнаа по што го скршија стаклото од кошот, – сведочат за „Слободен печат“ присутни граѓани.
За среќа под кошот немало никој, односно никој не бил повреден.
Надлежните од месната заедница веднаш го повикале изведувачот кој објаснил дека станувало збор за професионално стакло кое не можело така лесно да се скрши. Истите кошеви тој ги поставил и во Бардовци пред две години.
– Ова е вандалски чин, коментираа револтирано граѓаните.