СРАМОТА: Насилен разбојник оставил старица со СКРШЕНА рака (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Британската полиција објавила снимка од дрско разбојништво со цел да ја пронајде личноста која во недела ограбила старица (79) и притоа сериозно ја повредила.

Инцидентот се случил во Кетеринг, кога старица која одела по улицата држела торба во раката. На снимката се гледа маж како ја поминува старицата, зграпчувајќи ја торбата на старицата и притоа силно повлекувајќи ја и неа, која паднала на улицата. Жртвата и понатаму цврсто ја држела торбата, но набргу попуштила и разбојникот побегнал со пленот.

Од падот старицата се здобила со фрактура на раката.

– Многу ќе бидат шокирани од снимката на надзорната камера која одлучивме да ја објавиме. Оваа жена, како и секоја друга, треба да се грижи само за своите работи и да се чувствува сигурно. Нејзиниот напаѓач и го одземал тоа чувство на сигурност и важно е да се идентификува за да го стигне правдата – рекол детективот Пол Бејтс.

Полицијата уапсила едно лице, но е пуштено со кауција додека трае истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот