СРАМНО ПОНИЖУВАЊЕ: АТП со карикатура што ги налути фановите на Ѓоковиќ! (ФОТО)

twitter.com/usnewzcom

На светскиот тениски врв повторно ќе се најде Рафаел Надал и веднаш по тој повод АТП објави карикатура која ги налути фановите на српскиот ас.

На карикатурата се гледа како Надал се радува, а зад него е Ѓоковиќ кој е исплашен со јасна гримаса на лицето.

Интересно е тоа што Рожер Федерер и Данил Медведев кои се на третото, односно четвртото место исто така се насмеани, сите, освен Ноле.

И додека карикатурата ги одушеви навивачите на Рафа, од друга страна целосно ги налути фановите на Ѓоковиќ кои коментираат дека ова претставува очигледен пример на АТП програма против српскиот тенисер.

На 4. ноември (понеделник) Надал ќе се искачи на врвот иако од УС Опен во септември не одиграл ниту еден меч.

фото: твитер/atp

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот