Срамна објава на спонзорот на Гранада по дебаклот од Атлетико Мадрид (ФОТО)

epa08701598 Granada's goalkeeper Rui Silva (2-L) reacts during the Spanish Laliga soccer match between Atletico Madrid and Granada held at Wanda Metropolitano Stadium, in Madrid, central Spain, 27 September 2020. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Еден од клупските спонзори на Гранда презентира лош и дегутантен смисол за хумор по вчерашниот натпревар.

Во екипата на Гранада вчера атмосферата беше хаотична, као ден им беше доволно што примија шест гола од Атлетико Мадрид во третото коло од Ла Лига, туку и клупскиот спонзор објави срамотен твит на социјалните мрежи.

„Просторот на движење на Жоао Феликс“, напиша клупскиот спонзор Винамакс и приложи контроверзна фотографија која е во облик на машки полов орган насочен кон шеснаесетникот на Гранада.

Клубот веднаш се огласи и порача дека нема никаква врска со контроверзниот твит кој е понижувачки за нив и навивачите, по што и спонзорот потоа го избриша спорниот твит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот