ВМРО-ДПМНЕ од осамостојувањето се противи на сите стратешки одлуки на земјата, вели Ковачевски

Ковачевски/ Фото Влада РСМ

ВМРО-ДПМНЕ е против сите стратешки одлуки кои што земјата ги има донесено од своето осамостојување до денес, вели во интервју за Националната телевизија премиерот и претседател на СДСМ, Dimitar Kovačevski.

„Значи, ако се навратиме на зачленувањето во НАТО, Преспанскиот договор, ако се навратиме на склучувањето на Договорот за добрососедство, на преговарачката рамка, секогаш ВМРО-ДПМНЕ е против. Меѓутоа не гласаа против, тие секогаш ја напуштаат собраниската сала. Секогаш потоа се затскриваат зад граѓаните, со барање на одредени иницијативи, референдуми итн.“, рече Ковачевски.

Тој вели дека дури 17 години чекавме почеток на преговори со ЕУ, а претходно цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше власт.

„Ако се навратиме назад, ние ќе видиме дека 17 години сме чекале за отпочнување на преговорите со ЕУ. Меѓутоа во тие 17 години, 11 години на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и политиката која што ја водеше тоа раководство, а која што политика е пресликана во ова раководство. Јас не повлекувам знак на еднаквост помеѓу раководство на политичка партија и целото членство. Тоа е политика на дисконтинуитет на државата. Значи вие ако ја погледнете политиката која што ја водел претседателот Глигоров, која што ја водел премиерот Кљусев, која што ја водел претседателот Црвенковски, премиерот Георгиевски, претседателот Трајковски и ако ја споредите со политиката на 11-те години на Груевски и на Иванов, тогаш ќе видите јасна разлика”, додаде Ковачевски.

Драги читаоче,

Наш приступ веб садржајима је бесплатан, јер верујемо у једнакост информација, без обзира да ли неко може да плати или не. Због тога, да бисмо наставили са радом, тражимо подршку наше заједнице читалаца финансијски подржавајући Слободну штампу. Постаните члан Слободених Печата да помогнете објектима који ће нам омогућити дугорочне и квалитетне информације и ЗАЈЕДНО осигурајмо слободан и независан глас који ће УВЕК БИТИ НА СТРАНИ НАРОДА.

ПОДРЖИТЕ БЕСПЛАТНУ ШТАМПУ.
СА ПОЧЕТНИМ ИЗНОМ ОД 60 ДЕНАРА

Видео дана