„Спутник V“ е речиси 100-отсто ефикасна во развивање на клеточен имунитет

Руската вакцина Спутник V/ Фото: EPA-EFE/ANDREI POKUMEIKO / POOL MANDATORY CREDIT

Руската вакцина „Спутник V” е речиси 100-отстотно ефикасна во развивањето на клеточен имунитет од Ковид-19, изјави Дарја Јегорова, научен соработник во лабораторијата за генетско инженерство за патогени микроорганизми во Центарот „Гамалеј”.

Јегорова прецизираше дека имунолошката ефикасност се однесува и на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор на организмите.

-Кога станува збор за хуморалниот имунолошки одговор, ефикасноста на вакцината надминува 98 проценти, а во однос на клеточниот имунитет ефикасноста има тенденција да биде 100 проценти, рече таа, пренесена од руските медиуми.

Јегорова додаде дека прелиминарната анализа на резултатите од пострегистрациските тестови на вакцината покажува дека епидемиолошката ефикасност на вакцината е поголема од 91 процент.

Според неа, во текот на пострегистрациските истражувања не се забележани посериозни несакани ефекти на вакцината „Спутник V”.

Јегорова изјави дека досега се вакцината „Спутник v”, надвор од клиничките испитувања, се вакцинирани повеќе од два милиони Руси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот