Спроведена темелна дезинфикација во Општина Бутел

Општина Бутел во наредните денови ќе ги дезинфицира сите градинки и основни училишта кои се на територија на општината.

Службите на Општина Бутел во однос на справување против ширењето на коронавирусот викендот изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија.

Општинските служби, како што информираат оттаму, темелно ги дезинфицираа просториите во општинската зграда, потоа дезинфицирани беа сите автобуски постројки. Со одобрение на Здравствениот Дом на Скопје дезинфицирана беше и амбулантата, и воедно сите објекти кои се лоцирани на локалниот пазар во Бутел.

Дополнително на ова, информираат дека во рамките на оваа акција во справување против ширењето на коронавирусот, општина Бутел во наредните денови ќе ги дезинфицира сите градинки и основни училишта кои се на територија на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот