Спротивставени изјави за ситуацијата во Гвинeја

Претседателот на Гвинеја, Алфа Конде / фото: Принтскрин, јутјуб

Побунетите припадници на армијата на Гвинеја во краткото обраќање на државната телевизија изјавија дека го суспендираа Уставот и ја распуштија Владата.

Но, Министерството за одбрана соопшти дека нападот врз претседателската палата е одбиен.

Во близина на претседателската палата во Конакри утрово имаше престрелка, а според неименувани извори зад немирите стои елитната воена единица, предводена од поранешниот француски легионар Мамади Думбија.

 

На социјалните мрежи се појавија видео-снимки, чија автенточнопст се уште не е потврдена, се гледа како претседателот Алфа Конде е опкружен од припадниците на специјалните воени сили.

Но, гвинејското Министерство за одбрана соопшти дека обидот за бунт е задушен.

 

 

– Претседателската стража, поддржана од одбранбените и безбедносните сили го одбиja нападот… продолжуваат безбедносните операции за воспоставување ред и мир, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Во октомври минатата година 83-годишниот Алфа Конде третпат победи на претседателските, кои беа обележани со насилни протести во кои беа убиени десетици луѓе

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот