
Спремна за нова љубов: Џенифер Лопез повеќе не прашува за Бен Афлек, а тој е заглавен во минатото со поранешната
Џенифер Лопез е слободна и подготвена за нова љубов. Како што открива извор за „Пејџ сикс“ познатата пејачка и актерка е „подготвена“ повторно да започне врска, само два месеци по нејзиниот развод од поранешниот сопруг Бен Афлек.
Препорачано
„Џенифер е подготвена да се нурне назад во водите на љубовта и не се откажа да ја пронајде љубовта“, рекол изворот.
„Нејзините пријатели ја охрабрија да излегува и дефинитивно е подготвена да запознае некој нов“, додал тој.
Изворот сподели и дека Џенифер размислува да ја прошири групата на луѓе меѓу кои бара партнер и дека овој пат не размислува само за познатите личности.
„Џенифер овојпат размислува за врска со некој кој не е јавна личност, но не се ограничува на некој конкретен тип“, открил изворот.
Патем, 55-годишната Џенифер законски се разведе минатиот месец – само еден месец откако таа и Бен Афлек го финализираа разводот на 6 јануари. Сепак, на поранешната двојка им беше кажано дека тоа нема да стапи на сила до 21 февруари. Тој датум беше шест месеци откако Џенифер првично поднесе барање за развод на нивната втора годишнина од брак.
Додека пејачката изгледа подготвена да продолжи понатаму, нејзиниот поранешен изгледа заглавен во минатото. Имено, актерот повторно се насочи кон својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, а двајцата во последно време сè почесто беа видени како поминуваат заедно.
На почетокот на овој месец, Бен и Џенифер Гарнер, кои имаат три деца заедно, Виолет (19), Серафина (16) и Семјуел (13), беа фотографирани во блиска прегратка за време на излет со пејнтбол.
Сепак, извор изјави за „Пејџ сикс“ дека ниту Лопез ниту Гарнер – кој е во врска со Џон Милер од 2018 година – повеќе не се заинтересирани за Афлек.
„Би рекол дека и на двете им олесна што завршија со него“, рекол изворот.
„Ова е сол на рана“: Џенифер Лопез е „бесна“ бидејќи Бен Афлек е многу близок со поранешната сопруга