Спреј за нос го спречил трансферот на Сане во Баерн Минхен

EPA-EFE/PETER POWELL

Изминатото лето Лерој Сане требаше од англискиот да се пресели во германскиот шампион, но трансферот пропадна во последен момент поради бизарна причина.

Спреј за нос кој му бил даден на Ријад Марез од лекарскиот тим на алжирската репрезентација го спречи Лерој Сане да направи трансфер во Баерн Минхен.

Сане моментно е на листата на повредени фудбалери откако во август заработи повреда на вкрстените лигаменти на дуелот против Ливерпул во Комјунити шилд натпреварот.

Повредата стави крај на надежите на Баерн дека ќе потпише со Лерон Сане, а порталот „Атлетик“ дури сега открива дека местото на Сане на дуелот со Ливерпул требаше да го заземе Ријад Марез.

Марез кој неколку дена пред да се игра натпреварот со Ливерпул, и се приклучи на екипата откако претходно со селекцијата на Алжир настапуваше на Африканскиот куп на Нации. Марез во Манчестер пристигна со настинка која ја влечел неколку недели. Лекарите на алжирската репрезентација го лечеле со спреј за нос.

Откако се вратил во Сити, лекарскиот тим на англискиот шампион пријавил во Фудбалската федерација за третманот на Марез, но не добиле потврден одговор дали тој смее да настапи и поради тоа менаџерот Пеп Гвардиола го изостави од тимот.

Причината за ваквиот потег на Гвардиола е бидејќи лекарите се сомневаа дека Марез може да падне на евентуален допинг тест бидејќи во лекот кој му бил даден имало забранета супстанца.

Гвардиола поради тоа го стави Сане во првиот тим, иако Баерн се наоѓаше во завршни преговори за трансферот на германскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот