Еве како да го спречите скапувањето на зеленчукот и овошјето во фрижидерот

Ако сте од оние на кои секогаш овошјето или зеленчукот им скапува во фрижидерот, пред воопшто да стигнат да го изедат, па со грижа на совест го фрлаат во ѓубре – знајте дека на тоа му дојде крајот.

Триковите кои ги знаат домаќинките се често многу поделотворни од сите купeчки средства и се многу практични за применување.

Поради настанатата ситуација, овошје и зеленчук купуваме во поголеми количини, но често се случува тоа брзо да скапе или да се муфлоса па мораме да го фрлиме. Ниту фрижидерот не е спас за ова, па на крај овие намирници ни завршуваат во отпадот. А зошто тоа да е така, кога имаме едно супер решение?!

Дали сте слушнале за трик со сунѓери?

Значи се што е потребно е да купите три најобични кујнски сунѓери и да ги ставите во фиоката или преградата каде што држите овошје и зеленчук. Важно е сунѓерите да ја покријат целата површина.

Намирниците наредете ги врз сунѓерите.

Преку сунѓерите ќе се апсорбира вишокот влага и тоа одлично ќе го забави скапувањето.

Вреди да пробате, зарем не? Признајте дека подобро е да купите три сунѓери отколку постојано да фрлате скапани намирници во ѓубре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот