Спречен пожар од поголеми размери во Берово

Противпожарно возило / Фото: МИА

Спречен пожар од поголеми размери во Берово. Пожарот зафати мала куќарка во самото градското подрачје, а неговото ширење според очевидци навреме било спречено од беровските пожарникари.

Во гаснењето како што информираше Сашко Руменовски, командир на беровската Територијална противпожарна единица, учествувала дежурна екипа од единицата која имала припомош од граѓаните.

„По брзата интервенција на ТППЕ Берово, пожарот кој избувна во малата куќарка е ликвидиран. Се гасеше со едно противпожарно возило и нашата дежурна екипа кои спречија ширење на пожарот“, рече Руменовски.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот