Спречен обид за убиство на претседателот на Мадагаскар

Фото: EPA-EFE/Henitsoa Rafalia (архивска фотографија)

Обвинителството на Мадагаскар објави дека е спречен обид за атентат врз претседателот на Републиката, Андри Раоџелина, а уапсени се повеќе „странски и домашни” лица.

Меѓу уапсените во островската земја крај источниот брег на Африка има и двајца француски државјани.

„Неколку странски државјани и граѓани на Мадагаскар беа приведени во вторникот, како дел од истрагата за нарушување на државната безбедност”, изјави синоќа државната обвинителка Бертин Разафијаривони.

Според материјалните докази, како што рече обвинителката, „овие лица измислиле план за елиминирање и неутрализирање на разни личности од Мадагаскар, вклучувајќи го и шефот на државата”.

Таа додаде дека истрагата продолжува и даде уверување дека аферата ќе биде целосно расчистена.

За време на празникот на независноста на Мадагаскар, на 26 јуни, жандармеријата веќе објави дека спречиле обид за убиство на државниот секретар задолжен за жандармеријата, генерал Ричард Раваломанана, „десна рака” на претседателот на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот