Спречен нов пожар: Уапсен маж пред катедрала во Њујорк со канистери полни бензин и запалки

37-годишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери полни со бензин и неколку запалки, соопшти полицијата. Тој влегол и се судрил со обезбедувањето.

Кога се свртел за да си оди, бензинот се истурил на подот, а обезбедувањето веднаш ја известило полицијата која била надвор, по што човекот бил веднаш приведен во полициска станица.

Од полицијата велат дека сè уште е рано за утврдување на мотивот, но сепак се смета за многу сериозен чин.

Инцидентот се случува само два дена по пожарот во кој беше делумно оштетна катедрала Нотр Дам во Париз.

„Тоа е индикатор на нешто што би било многу сомнително“, изјавил Џон Милер од одделот на њујоршката полиција за разузнавачки и противтерористички дела.

Неодамна изгореа три црнечки цркви во Луизијана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот