Спречен атентат на поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд

Фото: EPA

Како што пренесуваат француските медиуми, денеска бил спречен атентат врз поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд.

Припадник на терористичка ќелија планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот претседател Франсоа Оланд.

Како што јави телевизијата БФМТВ, еден малолетник бил уапсен во Стразбур во април, заедно со уште три лица.

Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата.

Четворицата малолетни лица беа обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување.

Подоцна е уапсен уште еден малолетник кој бил дел од групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот