Спортското новинарство – опомена пред исклучување: Најмалата плата на спортски новинар е 2,5 пати помала од просечната плата во Македонија

Плата во висина од 12.000 денари е најмалиот приход што го добива спортски новинар во Македонија, две третини од спортските новинари примаат плата пониска од просечната, а ист процент од нив веднаш би ја промениле професијата доколку добијат подобра финансиска понуда, се дел од поентите кои произлегоа на тркалезната маса што ја органзираше спортската секција при Здружението на новинари во Македонија на тема „Спортското новинарство – опомена пред исклучување“.

Спортското новинарство – опомена пред исклучување!

Мотивите за организацијата на тркалезната маса беше лошата економска состојба на спортските новинари, се пониските професионални стандарди како и се помалото влијание на спортското новинарство во општеството и вооошто во спортот кои исто така придонесуваат речиси да исчезне и истражувачкото новинарство. Исто така е и намален интересот за младите да станат спортски новинари додека бројот на новинарите кои пишуваат за спортот е намален за нешто повеќе од половина во последните 30 години.

Според анкетата која беше спроведена меѓу спортските новинари, поразително делува податокот дека најмалата плата што еден новинар во медиум во Македонија ја добива изнесува 12.000 денари, што е 2,5 пати помалку од просечната македонска плата според државниот завод за статистика дури 8,9 отсто од анкетираните новинари одговориле дека нивната плата изнесува со 12.000 денари, на ист процент испитани новинари платата им е до 18.000 денари, 20 отсто примаат до 24.000 денари, дека дополнителни 37,8 отсто примаат од 25-30.000 денари. Овие бројки се поразителни бидејќи околу 75 отсто спортски новинари имаат плата помала од просечната.

Голем проблем исто така претставува и возраста на спортските новинари бидејќи само 11,1 отсто имаат помалку од 30 години. Најголем број новинари имаат меѓу 30 и 39 години (37,8) како и меѓу 40 и 49 години (26,7), а 22,2 отсто спортски новинари имаат помеѓу 50 и 59 години. Поразително е и тоа што се помал број млади сакаат да студираат новинарство што претставува дополнителен проблем за опстојувањето на професијата спортски новинар како и за самиот спорт.

– Не е ни толку важно дали денес новинарите се селектори, туку дали спортските редакции ќе опстанат со специјализирани новинари по спортови, кога имаше преноси од повеќе терени, понеделничките прилози во весниците се печатеа и на 16 страници, кога по спортскиот викенд се правеа анализи, осврти, коментари, спортски разговори во специјални емисии, а околу тие новинарски продукти беа ангажирани цели екипи. Денес спортскиот новинар во порталите е и новинар, и фоторепортер, и камерман, и тонец, и монтажер. Независно дали е обучен за тоа или не.

Практичното изучување на занаетот што го имаше во некогашните големи медиумски куќи почна да се разводнува. Падот на квалитетот не заврши само со загубената битка на некогашните државни медиуми со приватните, туку продолжува и денес со губењето на приматот на традиционалните против онлајн медиумите. Во моментов, дури и специјализираните спортски портали, како најевтина форма за продукција на спортски вести, едвај преживуваат. Конкуренцијата е жестока, често и нелојална во услови на премал рекламен колач. Порталите се делумно зависни и од социјалните мрежи што се легло на лажни вести – вели меѓу другото Милорад Стојмановски, уредник во весникот Слободен печат и долгогодишен уредник во неколку печатени медиуми.


Поради тоа не зачудува е податокот дека дури 68,9 од актуелните спортски новинари одговориле дека веднаш би ја смениле професијата доколку им се укаже можност за повисока плата или некој друг услов кој на нив им е важен.
Поради тоа на тркалезната маса учествуваа и професорите од Факултетот за физичка култура, спорт и здравје, Иван Анастасовски и професорката од катедрата за новинарство при Правниот факултет, Јасна Бачовска – Недиќ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски од кого е побарано како владина институција надлежна за спортот, да помогне да се подобри статусот на спортските новинари во општеството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот