Спортското игралиште во Триангла доби нов лик, од Гази Баба најавуваат изградба на нови спортски терени

Фото: Општина Гази Баба

Игралиштето во Триангла доби нов лик со современа тартан подлога, информираат од Општина Гази Баба од каде најавуваат и дека, во следниот период ќе продолжат со изградба на нови, но и со реконструкција и со модернизација на веќе постоечки спортски терени кои се наоѓаат на нејзина територија.

-Едно од новите седум спортски игралишта е во завршна фаза. Игралиштето во Триангла доби нов лик со современа тартан подлога. Седум нови спортски игралишта од кој пет со тартан подлога и две со вештачка треба во првите осум месеци од мандатот. Ова е новото време во Гази Баба. Создаваме нов лик на урбана и модерна општина бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот