Спортските сали во Софија и Хрватска пренаменети во болници (ФОТО+ВИДЕО)

„Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница, објави премиерот Бојко Борисов на Фејсбук. Бугарија пред една недела прогласи вонредна состојба, а бројката заразени порасна на повеќе од 130.

Спортските сали во Загреб и Софија, во кои се огранизираат концерти, се пренаменуваат во привремени болници, поради се поголемиот број на заразени лица од коронавирусот.

„Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница, објави премиерот Бојко Борисов на Фејсбук. Бугарија пред една недела прогласи вонредна состојба, а бројката заразени порасна на повеќе од 130.

Publiée par Boyko Borissov sur Vendredi 20 mars 2020

Загрепска „Арена“, која беше изградена за Светското првенство во ракомет во 2009 година, денеска почна да се претвора во мобилна болница за полесни случаи на КОВИД-19, при што војската во неа ќе постави 300 кревети.

Ако бројката заразени почне нагло да расте, овој објект ќе послужи за да се растоварат болниците“, изјави шефот на загрепската Канцеларија за управување со кризи Павле Калиниќ. Во Хрватска досега има 128 позитивни случаи и еден починат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот