Спортските натпревари и понатаму ќе се организираат без присуство на публика

фото: КК МЗТ Скопје

Иако во текот на вчерашниот ден Министерот за здравство, Венко Филипче најави враќање на публиката на спортските натпревари во Македонија, тоа денеска не се потврди.

Владата на денешната 69 седница донесе одлука дека спортските настани и понатаму ќе се организираат без присуство на публика.

Како дел од мерките во другите јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори.

После вчерашната убава вест за љубителите на спортот, веднаш се активираа и клубовите, навивачите…

Како на пример ракометниот клуб Е. Пелистер од Битола денеска објави дека нивните натпревари (и оние на Е. Пелистер 2) во плеј-офот ќе се играат пред ограничен број на гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола и со спроведување на протоколите на Комисијата за заразни болести, и воедно во следните неколку дена се дадат детали околу продажбата на билети.

И верните „Комити“, навивачи на фудбалскиот клуб Вардар најавија дека за последниот прволигашки дуел сезонава против Македонија ЃП оваа недела ќе има пред собир пред Јужна.

– Согласно новите препораки од Комисијата за Заразни Болести, и протоколите за јавно здравје дозволено е присуствување на настани од јавен карактер, со редуциран капацитет. Да се појавиме и достојно да се простиме од сезоната, гордо да најавиме дека нема да бидеме никогаш ничии полтрони, ничии играчи, ниту пак ќе прифаќаме било какви компромиси кои ќе имаат историски реперкусии кон клубот – објавија „Комити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот