Спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски за неуспехот на квалификациите за ЕП 2022: Ни недостигаше малку среќа, но иднината ветува

Се на се, ние сме задоволни од пристапот на играчите и гледаме дека имаме потенцијал да се најдеме на следните поголеми натпреварувања, вели спортскиот директор

Спортскиот директор на Кошаркарската федерација на Македонија Тодор
Гечевски смета дека за пласман на ЕП 2022 ни недостигаше малку среќа.
Разочан е што Македонија не обезбеди пласман на ЕП, но ако се суди
според она што го покажа нашиот тим на овие квалификации, со правилна
работа, репрезентацијата може да се надева дека ќе избори пласман на
некое до следните големи натпреварувања.
– Малку среќа ни недостигаше да се пласираме на ЕП. Сите
репрезентативци го дадоа својот максимум, тука немам замерки. Таа прва
средба со Естонија во Скопје (февруари 2020, кога изгубивме со 72-81 н.з.),
тоа е најголемата причина што не се пласиравме на ЕП. Имавме императив
во вториот меч со Естонија (во Перм минатиот понеделник н.з.) да
победиме со двоцифрена разлика. Да ни требаше само победа, ќе беше
многу подобро, немаше да има толкав пристисок врз играчите и ќе отвореа
многу подобро – вели Гечевски.

– Со Естонија во Перм послабо го почнаве мечот, од две причини. Влијаеја
притисок од важноста на натпреварот и исцрпеноста на тимот кој пред тоа
имаше три средби – вели спортскиот директор за мечот што го добивме (84-
82), но не обезбедивме двоцифрена разлика што ќе значеше пласман на
ЕП.

фото: fiba.basketball

– Се на се, ние сме задоволни од пристапот на играчите и гледаме дека
имаме потенцијал да се најдеме на следните поголеми натпреварувања.
Планираме да посветиме повеќе време за работа со младите играчи. Ќе ги
пријавиме сите возрасни категории, мажи и жени, за меѓународните
натпревари. Од она што го видовме, имаме уште неколку млади играчи кои
покажуваат дека имаме светла иднина – вели поранешниот
репрезентативец, кој ја коментира и измената во физиономијата на тимот.
Лидер на тимот сè уште е Војдан, но според она што го прикажа на
квалификациите Ненад Димитријевиќ ќе прерасне во нов лидер на
репрезентацијата – смета спортскиот директор. Македонија в лето ја
очакуваат и претквалификации за пласман на СП 2023.

Фото: fiba.basketball

– Што се однесува до планот за настапите на претквалификациите за
Светското првенство, ќе го видиме извештајот на селекторот за минатите
квалификации и ќе направиме план за она што следува- вели Гечевски.

фото: fiba.basketball


На селекторот Александар Тодоров му истече договорот со завршување на

квалификациите за ЕП 2022, а КФМ треба да донесе одлука дали ќе го
продолжи. Според Гечевски, нема да се брза со одлуката.
– Договорот на селекторот беше поврзан со пласманот на ова ЕП. Но ќе
почекаме, да не одлучуваме на брзина. Ќе поразговараме и ќе видиме што
ќе биде во иднина – вели спортскиот директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот