Спортски новинар од Словенија шверцувал мигранти за да си ги реши финансиските проблеми

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Словенска телевизија му дала отказ на спортски новинар кој шверцувал мигранти од Пакистан, пренесуваат тамошните медиуми денеска.

Новинарот на водечката комерцијална телевизија ПОП-ТВ, се наоѓа во притвор, откако полицијата во негово возило открила четворица мигранти од Пакистан минатата недела.

„Изразуваме жал поради овој настан. За постапките на новинарот на нашата спортска редакција надвор од работното место ние не сме известени, а не знаеме ниту за евентуалните лични околности во кои се нашол“, стои во соопштението на ПОП-ТВ.

Словенските медиуми пишуваат дека станува збор за 29-годишниот Жиги Лесјак од Велељ.
Медиумите пренесуваат дека започнал да се занимава со шверц на миграни поради финансиски проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот